Сони Експериа з4 на квалитетен рендер

од Vladimir Zorba
96 прегледи
Информација од ОнЛикс конечно го расветли дизајнот на смартфонот Експериа З4 – објавен е првиот квалитетен рендер на предводникот, кој покажува дел од предниот панел на уредот.Sony-Xperia-Z4
Оваа фотографија потврдува редица претходни информациски истекувања, вклучувајќи и податоците за новите предни звучници распоредени речиси до самиот крај на куќиштето. Слична е ситуацијата и со поставеноста на логото, предната камера и сензорите – сé одговара на претходните податоци.
Изворот пријави дека дијагонала на екранот од 5,2-инчи ќе биде зачувана, а во споредба со претходникот, димензиите на уредот практично нема да бидат изменети: 146,3×71,9×7,2мм (З4) против 146x72x7, 3 мм (З3).
Единственото нешто што очигледно ќе го разликува новиот предводник од стариот – тоа е недостатокот на микроСД слот за мемориска картичка со традиционално голем капак – во Експериа З4 тој недостасува. Нема да има заштитен капак и на УСБ-приклучокот кој е лоциран во долниот дел, но благодарение на Каплес УСБ технологијата тој не е и потребен.