Блекбери и Порше пуштија смартфон за 1950 долари

од Vladimir Zorba
92 прегледи
Популарната компанија Порше Дизајн најави специјална верзија на смартфонот Блекбери П9983, чиј корпус е направен од кован, нерѓосувачки челик со графитна црна боја, а задниот панел е покриен со кожа од рачна обработка, додека во центарот е поставен логото на Блекбери. Една од особеностите на овој уред се стаклените копчиња од синтетички материјал.BlackBerry-Porsche-Design-P9983-Graphite-with-leather-back-cover-Launched-at-1950
Смартфонот е опремен со 3,1-инчен екран со резолуција 720х720 пиксели и се базира на системот-кон-чип Куалком MСM8960 со две јадра, кои работат на 1,5 ГХз такт. Достапни се уште 2 ГБ РАМ меморија, 64 ГБ флеш диск, слот за надворешни микроСД картички со максимален капацитет до 128 ГБ, главна камера со резолуција 8МП и ЛЕД блиц, предна камера со резолуција 2 МП и батерија со капацитет 2100 милиампер часови.
Продажбата на смартфонот „Порше Дизајн Блекбери П9983 Графит“ почнуваат кон крајот на овој месец по цена од 1.950 американски долари.