Мртвото тело пронајдено во струшко најверојатно е телохранителот на Зијадин Села?!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Мртвото тело кое денеска беше пронајдено во струшкото село Дрслајца најверојатно е телото на исчезнатиот телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, дознава А1он.

uran-kupa

Обдукцијата на телото треба да ја потврди идентификацијата.

Лешот кој денеска беше пронајден бил во распаѓање и било многу тешко да се утврди неговиот идентитет. Причините за смртта и идентификација ќе ги утврди Институтот за судска медицина по обдукцијата.

Телохранителот на струшкиот градоначалник Зијадин Села се води за исчезнат од 6-ти февруари, а неговото возило беше пронајдено неколку дена по исчезнувањето во Дебар.