Ноќеска борбена тревога во НАТО: 11 руски воени авиони без радари над Литванија

од desk3
97 прегледи

Борбени авиони на НАТО биле кренати од Литванија оваа ноќ поради руски борбени авиони, објавена светски агенции.

НАТО авиони придружувале 11 авиони на Русија, кои го прелетале Балтичкото Море со исклучени транспондери.

US airstrikes in Syria

“Доцна вечерта, околу 23:30 часот, борбени авиони на НАТО беа испратени да идентификуваат авиони. Тие идентификуваа два военотранспортни авиони Ан-26, еден военотранспортен авион Ан-12 и дополнителна група од 8 авионои, вклучувајќи борбени авиони Су-27 и Су-34 “, објаснија од Министерството за одбрана на Литванија пред BNS.

Од минситесртвото прецизираа дека руските авиони летале со исклучени транспондери, не обезбедиле планови за летовите и одбиле да се воспостават контакт.

Во вторникот Русија објави дека ја тестира борбената готовност на вооружените сили на земјата во некои региони, вклучувајќи Калининград, тестира ловци бомбардери и ракетни системи “Искандер”.

Од почетокот на кризата во Украина зачестија слични провокации од страна на руската држава во Европа.

Во 2014 година авиони на НАТО пресретнале повеќе од 130 пати руски авиони до балтичка земја. За споредба, во 2010 година се случи само 4 пати.

Пред неколку дена Министерството за одбрана на балтичката држава соопшти дека минатата недела базирани во Литванија борбени авиони на НАТО требало да придружваат неколку пати руски авиони-цистерна Ил-78.

Во Балтикот се наоѓаат авиони на земји членки на НАТО, кои дејствуваат во ротацијата. Авионите се распоредени заради отсуство на такви на Естонија, Литванија и Латвија.

Во меѓувреме Германија ќе испрати 500 војници во Литванија за вежби.

Во исто време “Интерфакс” соопшти дека бродоци на руската Црноморска флота почнуваат поморски вежби во регионот на акваторија.