Eлон Мaск: Автомобилите со возачи ќе бидат забранети во иднина

од Vladimir Zorba
200 прегледи
Еден од најинтересните гости на годишната конференција за развивачи на Нвидиа, Eлон Мaск, сподели интересни визии за самоуправувачките автомобили пред главниот извршен директор на компанијата.koi-lugje-ja-odbelezhaa-2012-114553
Маск верува дека самоуправувачките автомобили имаат потреба од околу 20 години, за да ги надминат обичните. Тој е убеден дека во даден момент во иднината возењето (без рекреативна цел) ќе биде забрането, бидејќи луѓето се полоши возачи од машините. Маск ги користи за пример операторите на лифтови, кои брзо беа поместени од едноставен хардвер кој се справува подобро и многу поевтино.
Таткото на Тесла верува дека по некое време ќе се прашуваме како нашите родители управувале „смртоносни машини“, без да бидат загрижени. Возилата на Тесла, кои може да ги купите денес се „90% подготвени“ за самоуправувачки режим, но компанијата продолжува со интензивни тестови на технологијата.