Генерал Ангелов ги повика граѓаните на масовен протест в сабота

од desk3
72 прегледи

Актери, новинари и активисти синоќа го поддржаа генералот Стојанче Ангелов во протестот за ослободување на МРТВ.

Генералот Ангелов смета дека кога ќе се ослободи телевизијата, тогаш граѓаните ќе можат да ја дознаат вистината за тоа како функционира актуелната власт.

11057218_789564024464225_35319855148269971_n1

По собирот пред МРТВ, граѓаните се упатија кон Јавното обвинителство, каде Ангелов рече дека обвинителството е должно да ја тргне забраната кон медиумите да не објавуваат за прислушуваните разговори.

– Забраната на МРТВ да ги емитува разговорите на опозицијата е само за заштита на режимот и верувам дека за неколку дена ќе го срушиме. Во моментот кога ќе нема таква одлука, Горан Петрески е должен веднаш да почне со емитување на „бомбите“. Доколку не сака, ќе му влеземе внатре – рече Ангелов.

Тој најави протести во истиот термин и во текот на наредните денови, но ги повика граѓаните масовно да излезат на ненасилен протест в сабота напладне.

Мета