Најпознатото одморалиште во САД – Мајами Бич за неколку дена ќе наполни 100 години од своето основање.
Градот се наоѓа во округот Мајами-Даде во државата Флорида, во непосредна близина на Мајами, но тоа се два одделни града.
Зимскиот е полн со стилски хотели, прометни улици, прекрасни ресторани, скапи автомобили, терени за одбојка, кул установи, импресивни домови на познати личности и, се разбира, има долга песочна плажа, која нуди поглед кон Карибите.
Мајами Бич е создаден токму на датумот 26 март 1915 година. Островското гратче нуди бескрајни можности за шопинг, релаксација и ноќен живот.
По повод вековниот јубилеј, градоначалникот на Мајами Бич Филип Левин организира 100-часовни прослави во периодот 22-26 март, кои ќе вклучуваат симфониски концерти, проекција на филмови на џиновски ѕид, врвни уметнички настани, улични фестивали и мегаконцерт, опишуван како “Вудсток на плажа. ”
Меѓу ѕвездите кои ќе пеат на настанот се Бери Гиб, Глорија Естефан и Андреа Бочели.
Концертите ќе се бесплатни и ќе се одржат на песокот на познатиот крајбрежен булевар “Ocean Drive”.










