30 години затвор за сите обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија

од Vladimir Zorba
246 прегледи
Вкупно триесет и една година затвор им изрече денеска скопскиот Кривичен суд на седуммината обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија.
policija-vo-muzej-na-makedonija-2

Највисока казна од 8 години и 8 месеци доби поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски. На Златко Видевски му се пресудени 6 години и 8 месеци, на Софка Кушовска 3 години, на златарот Часлав Кузмановиќ судот му пресуди 7 години и 8 месеци затвор, на Јован Кондијанов 3 години, а Дарко Кржовски и Андреј Ежов добија по една година.

На обвинетите во затворската казна им се пресметува и времето што го поминаа во притвор.

Осудените и нивните роднини нивните роднини бурно реагираа на пресудите  на  судскиот совет со кој претседаваше судијката Моника Бахчованска,

– „Ова ли е правда“? „Правите втор процес Монструм“, „Што сме сториле? „Вака ли ви ја нарачаа казната“ – реагираа дел од осудените и нивните блиски.