„Стоп за лошите реформи, сакаме подобро образование“ ќе биде мотото протестот на наставниците што ќе се одржи пред Министерството за образование во вторник, најавуваат од Наставничкиот пленум.
Наставниците бараат укинување на наградите за екстерното тестирање, ревидирање на системот за професионален развој и укинување на државната матура. Според нив треба да се воведе приемен испит на самите факултети, со цел избегнување на бројни недоследности и нерамноправен пристап кон матурантите во делот на задолжителни и изборни предмети како дел од државната матура, како и укинување на инспекциските органи во образовниот систем, а јакнење на советодавни тела.
Наставничкиот пленум ќе побара и бројот на ученици во една паралелка да не биде поголем од 24, со цел подигнување на квалитетот на наставата.
