Бомбите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, освен што го расветлија партикратското владеење во сите сфери во општеството, може да предизвикаат и тектонски промени со регрупирање на политичката сцена. На ова укажуваат дел од експертите чии констатации се темелат на последните јавни настапи на поединци и поранешни високи функционери од владејачката партија, кои недвосмислено се разликуваат со своите ставови од актуелната власт, а некои екс членови во своите настапи ја застапија тезата дека во владејачката партија има големи превирања и дека постои незадоволство од раководството на партијата-анализара РСЕ.
Ова го отвори прашањето дали е реално да се појави ново струење во владејачката партија што сериозно би влијаело врз нејзината монолитност и би ја ослабнало. Сериозноста на ова прашање произлегува од тоа што зад ваквите јавни излагања стојат имиња со политичко реноме со значајни влијателни функции. Никола Димитров беше поранешен преговарач за името и амбасадор. Перо Димшоски беше државен секретар за евроинтеграции, а „Ние во овој момент имаме само една цел, а таа се вика политичка одговорност за постоечкото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е поранешен заменик министер за здравство. Со критички настап кон матичната партија настапи и Јове Кекеновски со својот Форум на слободни патриоти.
Нивната цел е да се покаже дека ова раководство не е ВМРО-ДПМНЕ, но Лазаревик вели дека засега е рано да се каже каков ќе биде нивниот натамошен ангажман.
„Ние во овој момент имаме само една цел, а таа се вика политичка одговорност за постоечкото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски. Под политичка одговорност се подразбира оставка во ситуација во којашто државата е клекната на колена. Ние не сакаме да говориме што ќе биде понатаму, туку сакаме да се фокусираме на суштината, а суштината е дека некој мора да ја сноси одговорноста за овие неодговорни постапки во кои е донесена Република Македонија и тоа во моментот е најодговорната личност – премиерот Никола Груевски и се разбира целото раководство на партијата кое го опкружува. Од тие причини нашиот понатамошен ангажман ќе зависи од понатамошните чекори коишто ќе бидат преземени од страна на самата Влада и пред сè на премиерот Никола Груевски. Меѓутоа, јас лично морам да кажам дека, зборувам во лично име, имам една емотивна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ на повеќе нивоа, комуницирам со професор Јове Кекеновски, разговарам со луѓе кои порано биле во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и се разгледуваат повеќе можни варијанти и сценарија, меѓутоа првото е политичка одговорност“, вели Лазаревик
Повеќе ТУКА
