(ФОТО + 18) Град во Нигерија ослободен од исламистите, полн со трупови

од desk3
113 прегледи

Војници од Нигер и Чад, кои го ослободија нигерискиот град Дамасак од единиците на исламистите од групата “Боко Харам”, открија дека регионот е полн со десетици тела.

Остатоците на барем 70 луѓе со пресечени грла беа пронајдени под еден од мостовите, раскажува очевидец за “Ројтерс”. Нивната состојба е таква што веројатно луѓето биле убиени пред неколку месеци, кога населбата падна во рацете на исламистите.

zx450y250_2496433

Изгледа тоа беше место за езкекуции што сега е обраснато со трева. По улицата што води кон мостот, има барем едно обезглавено тело. Низ градот се чувтсвува острата миризба на распаѓачки трупови, поради што војниците очекуваат да откријат уште тела на жртви.

“Боко Харам” уби илјадници луѓе во 6-годишна војна, која има за цел воспоставување на калифат во североисточна Нигерија. Дамасак беше преземен од групата во ноември.

Војници од меѓународните сили, кои се борат со исламистите, раскажуваат за најмалку 100 тела, расфрлени низ коритото на пресушената река во Дамасак.

zx450y250_2496434

Мостот има густа крвава дамка, што укажува дека луѓето биле егзекутирани на него и фрлани во реката. Меѓу убиените е и локалниот имам.

Бидејќи речиси сите жители ги напуштиле при офанзивата на “Боко Харам”, жртвите најверојатно се луѓе кои биле премногу стари или болни, за да бегаат.
Деловите на Чад ќе го контролираат Дамасак до пристигнувањето на нигериската армија, која ќе ја преземе заштитата на градот во близина на границата со Нигер. Во меѓународната операција учествуваат и сили од Камерун.

zx450y250_2496435

Во почетокот на годината “Боко Харам” контролираше 20-ина региони со вкупна површина колку Белгија, но сега борците нејзино останале само во три од нив.

Нигерија, најбројната африканска држава и најголемата економија на континентот, ќе гласа на претседателски избори на 28 март. Претседателот Гудлзк Џонатан е критикуван дека е премногу неодлучен кон бунтот и владее со железна рака, а управува со земјата за околу година и половина по воениот удар од декември 1983.

.