(ВИДЕО) Заканата на Јанкулоска и Протуѓер од снимките се остварила, Билјана и Томче биле избркани од работа

од desk3
105 прегледи

Брачна двојка која се пронашла во прислушуваните разговори кои ги објави Заев, одлучи да зборува јавно за тоа што им се случило, пренесува Телма.

Биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, но по неколку години на власт почнале да искажуваат несогласување.

Билјана и Томче ги изгубиле работните места пред 5 години.

Билјана беше директор на агенцијата за вработување а Томче заменик директор на Фондот за здравство.

Отпуштени се неколку месеци пред изборите во 2011-та. Едниот не добил решение за ново место откако бил разрешен, другиот со образложение дека го немало во евиденција дека доаѓал на работа.

Оваа брачна двојка тврди дека нивните проблеми почнале откако ја напуштиле ВМРО-ДПМНЕ неколку години откако партијата дошла на власт, бидејќи не се согласувале со политиките кои почнале да се спроведуваат.

Билјана му се приклучила на Љубе Бошкоски, а потоа формира своја партија.

Денес, сакаат да работат приватно, да отворат ресторан во семејната куќа во Ново Лисиче, но тврдат дека и тука ги следи политичката одмазда. Општината не им дозволува да постават тераса и тенда во нивниот двор.

Од општината Аеродром на нашето прашање одговорија дека во случајот е потребно решение за градба, а не одобрение за урбана опрема, односно тераса, бидејќи се работи за фиксна а не за монтажна настрешница.

Од општината нагласуваат дека столбовите не смеат да бидат прицврстени за јавната површина.

Сопствениците, пак, велат дека површината всушност е нивниот семеен двор, а столбовите стојат на штрафови и се демонтажни.

Општинските инспектори ги известиле дека во вторник ќе им биде урната настрешницата.

Но, ова семејство најавува дека ќе ја тужи власта, како што велат, за се што преживеале во последните пет години.