Седум деца на меѓу 5 и 15 години загинаа во пожар во куќа во Бруклин рано утринава по локално време, пренесува Ројтерс.

Претставник на властите објасни дека причина за трагедијата е заборавен шпорет. Мајката на децата скокнала низ прозорецот, но децата останаа во огнената стапица. 45-годишната жена и 14-годишно девојче се сместени во болница во критична состојба.

Во гасенењто на огнената стихија се вклучиле над 100 пожарникари. Според Ројтерс, во регионот живеат голем број на православните Евреи.



