Трајанов: Преку аферите “се покажа грдото лице на алчноста за власт и пари на голем број политичари”

од desk3
99 прегледи

Денес Демократски сојуз на свечена седница ја одбележа 15-годишнината од формирањето.

DS 15 godini 3
Пред присутните, во својот говор, Павле Трајанов нагласи ”Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува и која постојано е во движење и со свој идентитет и интегритет, партија која секогаш поаѓа од националните интереси и државни приоритети.”

DS 15 godini 2

Зборувајќи за актуелната политичка криза рече: “Оваа длабока политичка криза мора да се реши со политички дијалог, но и со системски промени и кадровски резови. Преку аферите “се покажа грдото лице на алчноста за власт и пари на голем број политичари.”

Трајанов побара да се создадат еднакви услови за работа за домашните и странските компании, а платите во компаниите со странски капитал да бидат како во нивните матични држави, нагласувајќи дека минималната плата треба да се зголеми двојно.

DS 15 godini 4

За да имаме фер и демократски избори, како и намалување на можностите за кршење на изборните правила, Павле Трајанов предложи Македонија да биде една изборна единица, без изборен праг и со отворени листи.
Во прилог Ви го доставуваме и обраќањето на Павле Трајанов.

На свеченоста на која присуствуаа над 500 граѓани, како и голем број на гости, преставници на политички партии и дипломати, зборуваа претседателот на младите Миодраг Димов и Драгана Кирпијановска, член на Претседателството и заменик министер за надворешни работи.

Ви го пренесуваме интегрално говоротDS 15 godini 3 на претседателот на ДС Павле Трајанов: