Западните „демократи” молчат за пријателите кои фаќаат „цигани” за уши и „шиптари” за врат

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Не беше толку одамна за да ја заборавиме сцената кога Амбасадорите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и зам-Амбасадорот на САД (бидејќи на Волерс како докажан радикален десничар не му сметаше) се редеа како апотекарски шишиња среде Стара Чаршија за да (со право) протестираат против нападите на канцеларијата на ЛГБТ заедницата. Се сеќаваме како со помпозно празен глас и изрази на гадење Аиво Орав даваше завет дека нема да се смират барајчи казна за зулумќарите и хулиганите кои ја напаѓаа канцеларијата.

arsim-zekoli11

Но потполно истите западни “демократи” со недели веќе си ја држат устата затворено и со ниту еден збор на осуда за нивните политички и интимни пријатели кои фаќаат “цигани” за уши и ”шиптари” за врат. Барем едно заедничко писмо во осуда на хулиганскиот речник и однесување на нивните пријатели кое во основа е иљада пати по хулиганско и пошовинистичко од актите на грст млади хулигани. Да не заборавиме дека некои од тие млади денеска служат затворска казна, додека пак Амбасадорите на ЕУ, САД, НАТО, ОБСЕ се уште не наоѓаат за сходно да барем гласно протестирааат, а камоли побараат ригорозни санкции против дрѓавните службеници загноени со расизам и шовинизам.

Впрочем, замислете доколку некој политичар од некоја соседна земј беше фатен додека искажува слични навреди кон некои други етнички заедници. Замислете ги реакциите на Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, осудите и врескањата по нивните весници и меѓународни форуми.

Ќе кажете дека ова е потресно. Јас би кажал дека е индикативно и застрашувачки. Бидејчи, во духот на народната мудрост, нивниот тврдоглав молк дава прилина да се верува дека длабоко во себе тие се во согласност со искажаните навреди упатени кон “циганите” и ”шиптарите”.

Фејсбук статус на Арсим Зеколи