Катче на спокојот во Костарика

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Минатата година Костарика се рангираше на првото место во листата на десетте најсреќни земји во светот .c48fd0995ec4dba9b964cb55552d31cd

Затоа, ако имате потреба да ги “наполните батериите” и да почувствувате вистинска среќа – размислете за одмор токму на ова прекрасно јужноамериканско краиште.

Ако пак освен позитивни емоции, барате и спокојство , имаме совршен предлог за вас. Хотелот Asclepios Wellness & Healing Retreat се наоѓа во Алахуела – една од седумте провинции во Коста Рика.

Тој им нуди на своите гости само 12 светли и пространи соби , како и разновидни терапии , комбинирајќи медицински традиции од различни делови на светот.

Среќните престојувачи во велнес хотелот во Костарика може да се радуваат и на јонизиран базен, фитнес центар и посебен катче за јога и медитација .

Луксузната оаза на мирот нуди уште и професионално советување во врска со исхраната на гостите спрема нивната крвна група. Храната пак се подготвува во биоресторанот кон хотелот.

Специјален тим од врвни спа терапевти и холистички лекари од целиот свет, исто така можат да бидат во помош на оние кои сакаат да ги искористат предностите на нивните услуги. Не на последно место – хотелот нуди разновидни програми за слабеење и такви, кои се борат со стресот .

На фотографиите може да погледнете во едно вистинско идеално катче на спокојството во Костарика.011a5ec06c2f76604c85b403ad917c30554861f01fecf59a3fd76dd2ac31bb44bc6f623fdbcc5790028d1d8db9b7014a8d7ae80674a2c934cf7942f3ab0ca576ff31078e1db4198441292bc9b42e1d1eaaaa13d7c256bc8f420ab8ecad7bbe42