Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на дијалог во Брисел

од desk3
119 прегледи

 

Ќе седнат ли на иста маса ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но не во Скопје, туку во Брисел. Пратеници на двте партии, денеска и утре во Европскиот парламент во Брисел треба да ги соочат своите аргументи во рамки на семинарот на тема „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија”.

21117golema

Како што јавува МИА, Антонио Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шеќеринска и Лидија Димова од СДСМ и Љубомир Јосифовски од НСДП се поканети на семинарот.

Од Македонија на семинарот ќе присуствуваат и Талат Џафери од ДУИ, Љубица Буралиева како независна пратеничка и Имер Алиу од ДПА.

Пратениците ќе дебатираат за политичката култура на овој меѓупарламентарен семинар со пратеници од другите земји-кандидати за членство во ЕУ и со европратениците.

Оваа дебата доаѓа неколку дена пред официјалниот почеток на посредништво на тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл за смирување на политичката криза во Македонија.