Средношоколците од Делчево и Дебар маршираа против задолижтелната математика

од desk3
116 прегледи

Со паролата „Стоп за лошите реформи“, стотина средношколци од сите генерации во Делчево денеска излегоа на улица да го искажат својот револт против задолжителното полагање математика на државна матура и начинот на полагање на екстерното тестирање. Воедно, како што информираат, учениците од втората смена целосно ја бојкотираат наставата-информира РадиоМОФ.

New-Picture-1-702x336

Средношколците протестираа пред нивната гимназија „Методи Митевски Брицо“, по што со свирежи и транспаренти на кои пишува „Доста беше молк“, „Кој, ако не ние. Кога, ако не сега“, како и „Не полагавте екстерно, а сега сте министри. Зошто ние да полагаме“ маршираа низ градот со цел да го свртат вниманието на минувачите, но и на надлежните институции.

„Ќе се организираме во наредниот период да не одиме на настава и ќе одлучиме како ќе продолжиме со протестите“, вели за Радио МОФ, средношколката Марија Стоилкова од Делчево.

Средношколците од Дебар денеска исто така организира протестен марш, во организација на Средношколскиот пленум.

Во 12.30 часот се собраа пред гимназијата „Здравко Чочковски“ од каде го почнаа протестниот марш, упатувајќи се кон плоштадот на градот.

Со паролите „Не за математика”, „Стоп за лошите реформи“ и „Имам став, немам страв“ се изјаснија против задолжителното полагање математика на државната матура. На протестите имаше 400 ученици од македонските и албанските паралелки.