НАСА претстави 18 моторен авион кој е придвижуван на електричен погон, пренесе агенцијата УПИ.

Големината на крилата му изнесуваат околу 10 метри, а моторите се напојуваат со литиум-железофосфатни акумулатори. Леталото ќе развива брзина до 320 километри на час и ќе може да лета на висина од 3,65 километри. Електричниот авион ќе може да превезува 4 патници, како и тоа да поминува растојание од 725 километри без полнење.
Иновативното леталото уште не е подготвен за лет, но во моментов се спроведуваат тестови со крилата на авионот, монтирани на камион. Обидите се вршат на дното на пресушени езеро во воздухопловната база “Едвардс” во Калифорнија.
Проектот, започнал во 2014 година, е наречен Leading Edge Asynchronous Propeller Technology project / LEAPTech /.