Microsoft сака Skype да е достапен насекаде

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Microsoft има големи амбиции за иднината на апликацијата за разговор Skype. Софтверскиот гигант сака Skype да е достапен насекаде, соопштува интернет изданието The Verge.

Компанијата планира да нуди верзии на разговор апликациј за секакви уреди и платформи. Microsoft очекува иднина во која корисниците ќе имаат Skype на најпаметните си часовници, кои дури ќе можат да преведуваат разговори на различни јазици во реално време или пак да вршат лесна и брза врска со личниот лекар.

Меѓу другите идни можности на Skype е олеснето споделување на информации и датотеки, како и функција за решавање на состаноци. Желбата на Microsoft е апликацијата да се користи од потрошувачите за практично целата нивна комуникација.

Ова вклучува и посебен фокус кон бизнисот. Skype for Business ќе им се допадне на компаниите, бидејќи дава бројни карактеристики со добро познат интерфејс, велат од Microsoft. Во комбинација со специјални случувања како RountTable на Polycom пример Skype for Business ќе се здобијат со сосема професионални димензии, дополнуваат од компанијата.

Сето ова нема да влијае и на развојот на апликацијата за крајните корисници. Microsoft наведува дека денес луѓето реализираат една третина од светскиот сообраќај за пренос на говорни услуги на долги растојанија преку Skype. Вкупно корисниците изговараат над 50 милијарди минути, како и над 50% од разговорите преку апликацијата со видео.