Москва збесна оти никој не и доаѓа за Денот на Победата

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Одлуката на Дејвид Камерон и другите европски лидери да ја пропуштат прославата  за 70-годишнината од крајот на Втората светска војна во Москва е навреда кон меморијата на сојузничките трупи, возврати  Москва.

москва војна2

Владимир Чижов, претставник на Русија во ЕУ, изјави дека европските политичари  инициралњ  “Непристојна  кампања” за парадата на Денот на победата – 9 мај, која се одбележува секоја година со раскошна церемонија на Црвениот плоштад, пишува The Telegraph. Британскиот премиер и лидерите на Полска, Бугарија, Латвија, Литванија и Естонија изјавија дека нема да присуствуваат додека германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека ќе ја посети Русија ден подоцна, за да се приклучи на рускиот претседател Владимир Путин во положување венец пред гробот на незнајниот јунак . Со видео-врска од Брисел Чижов изјави на прес-конференција во Москва: “Фактот дека во неколку земји од ЕУ се одвива непристојна кампања околу годишнината од победата не им прави чест на политичарите кои учествуваат во неа, ја навредува меморијата на советските војници на нивните сонародници кои паднаа во битките против фашизмот – јасно е дека тоа ќе остане на нивната совест “. Коментарот изгледа беше насочен главно кон поранешните советски држави од Балтичкиот регион, но исто така може да се смета за критика кон лидерите на поранешните сојузнички земји, кои одбиле да земат учество.