Ако е за “Фамилијата ” не не прашувај. Ова е најчестиот одговор кој го добивате по улиците на Скопје, ако побарате мислење за политичките скандали кои ја потресоа Република Македонија, ја почнува својата анализа за состојбите во Македонија бугарската агенција БГНЕС и нејзиниот дописник Георги Пашкулев.
За Македонците “Фамиллијата ” е групата околу премиерот Никола Груевски и неговиот братучед и шеф на тајни служби Сашо Мијалков. Западниот сосед Република Македонија преживува најтешката политичка криза од прогласувањето на независноста во 1991 година.
Втор месец лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз / СДСМ / Зоран Заев шири потресни разговори меѓу одделните министри, вклучувајќи и на премиерот Никола Груевски. Од нив, станува јасно дека владата на Груевски, потпомогнато од директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков брутално упарвуава во судскиот систем, назначува свои луѓе во сите ешалони на власта, учествува во корупциски шеми, а медиумите се претворени во “официоз на Кланот “.
За прв пат, меѓутоа, од неговото доаѓање на власт во 2006-та година Никола Груевски се соочува со тешки обвиненија, вклучувајќи и за манијакални и тоталитарни методи на управување, од истакнати личности и членови на неговата партија. Меѓу нив е и едно од лицата на ВМРО-ДПМНЕ познатиот професор Јове Кекеновски. Тој јавно повикува за смена на Груевски, не само од партијата, но и повикува да му се побара и одговорност. Кекеновски и во моментов е член на партијата.
Со вселенска брзина расте популарноста и на т.н. “Амстердам тројка”. Во неа влегуваат поранешниот македонски амбасадор во САД и Холандија Никола Димитров, поранешниот зам.министер за здравство Владимир Лазаревик и поранешниот зам.министер за земјоделство, Перо Димшоски. Сите тие ги извршувале овие позиции во почетниот период од управувањето на Груевски.
Димитров се закани дека “нема да дозволи ВМРО да биде историски делегитимирана зошто група луѓе кои го изгубиле политичкиот компас”. “Луѓе кои знаат каде е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но заборавиле кои се идеалите и вредностите на ВМРО. Не сум чест гостин во штабот, но знам дека кога МВР се претвори во штаб на партијата, се укинува државата”, рече Димитров.Тој побара и политичка одговорност, вклучувајќи и лични политичка одговорност за виновниците.
Локалните политички набљудувачи не исклучуваат Груевски да ја има судбината на поранешните премиери на Хрватска и Словенија, Иво Санадер и Јанез Јанша. И двајцата добија затвор поради огромни корупциски шеми во кои учествуваа.
Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиер на земјата, Никола Груевски одбива да коментира и да ја потврди или отфрли автентичноста на најраспространетите телефонски записи / тоа било работа на истражниителите, бел.ред. /, Но за сметка на тоа во типичен за Југодиктаторот Јосип Броз Тито стил, упатува повеќе тешки обвинувања. “Шпиони”, “слугите на странски држави”, “Учесници во сценарија за соборување на власта”, кои ќе “добијат жесток одговор”. Ова се само дел од личните квалификации на Груевски. А за поставените под полициски и партиски контрола медиуми коментарите стигнуваат и до преголема апели како: “Да ги ставиме под тежок камен” или “Да ги нема”, “Да одат во канализацијата”. Се разбира дека овие повици за пресметка се однесуваат за критичарите на Груевски.
Во дипломатските кругови во Скопје се поотворено се зборува за врските на Груевски со сомнителни руски олигарси, вклучувајќи и со поставениот на црната листа Тимченко. Кон ова секогаш се нагласува економската и политичка поврзаност, вклучувајќи и кривично, заедно со Сашо Мијалков со српскиот политичка елита, , наведува бугарската агенција БГНЕС.
Интересен факт е дека во Грција и Србија нема речиси никакви информации за случувањата во Република Македонија.
Барањето на опозицијата за формирање на преодна влада наоѓа се повеќе приврзаници, вклучувајќи и во редовите на владејачката коалиција.
Ова е можеби и вистинското решение на тешката политичка и државна криза во која Никола Груевски ја фрли земјата. Откако и самиот вицепремиер и министер за финансии, кој е и кум на Груевски, Зоран Ставревски во еден од разговорите со министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска ја признава драмата во која е западнат управувањето и вели : „ Ова го нема во ниту една нормална држава во светот! Ова е лудило. Јанкуловска зајадливо му реплицира назад Груевски: Тој е превтрлив“
И Ова е оценката на најблиските луѓе на Груевски. А, вистината? Колку ли е жестока?
БГНЕС
