Американец беше избоден од 300 пчели

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Американец беше избоден од стотици пчели, но и покрај тоа преживеа.Bee collecting pollen

Инцидентот се случил во текот на викендот за време на безбол натпревар меѓу училишните тимови во гр. Сент Џорџ, државата Јута. Поради изненадниот напад на пчелите средбата била прекината, и сите се разбегале- и играчи и гледачи.

Десетици повредени побарале медицинска помош. Еден од нив, чие име не се споменува, бил искасан од 200 до 300 пчели. “И покрај сето тоа изгледаше доста смирен. Едноставно неверојатно!”, Забележува капетан Роберт Хупер од локалната противпожарна служба.

“Беше како во надреалистичен кошмар, како во хорор филм! Пчелите се појавија од никаде и почнаа да напаѓаат сè живо. Напаѓаа по 70 одеднаш”, раскажува Мет Безонт, тренер на едниот тим.

Ситуацијата била надмината дури по доаѓањето на противпожарната команда.Пожарникарите прскале  со специјална пена и бесните инсекти биле протерани.