Луѓето живеат во целосна заблуда за хороскопскиот знак, бидејќи ѕвездите ги променија своите позиции. Според истражувањата на научниците соѕвездија се преселија со цел месец поради “лулка” ефектот на Земјата предизвикан од Сонцето и Месечината, соопшти BBC.
Toа значи дека ако некој е роден кон крајот на јануари и до сега си размислувал дека е знак Водолија, тој всушност е роден во знакот на Јарец. Значи 86% од луѓето се со различен Хороскопски знак од оној кој го сметаат дека е нивниот.
Знаците се откриени од античките Грци и се дефинирани во однос на позициите на ѕвездите тогаш. Сега овие поставки се променети и затоа знаците се префрлени со цел месец. Според истражувачите на проблемот се додава и тринаесетиот знак наречена Змијоносец, која го покрива периодот од 30 ноември до 18 декември.
