Заев за Н1: Оставки и преодна влада се неизбежни

од Vladimir Zorba
152 прегледи

СДСМ соопшти дека партискиот лидер Зоран Заев дал изјава за белградското студио на телевизијата Н1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN.

„На барање на телевизијата Н1, Заев го објасни скандалот со инволвираноста на Никола Груевски во доаѓање до огромни парцели на Водно, преку оф шор фирми, како што открија доказите од прислушувањата што ги правела власта на Груевски. На штета на скопјани, зелени појаси, со менувања урбанистички планови, специјално за интересите на Груевски се претворани во градежни парцели, а како што покажаа разговорите од последната прес конференција, станува збор за план за објекти, само на име на една фирма, коишто по денешна пазарна цена на чинење на Водно, ќе тежат над 17.000.000 евра“, се наведува во соопштението.

Запрашан за очекувањата околу развојот на политичката ситуација во Македонија, Заев изјавил:

– Оставки се неизбежни. Преодна влада е неизбежна. Од тоа бегање нема. По сè што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат./+Инфо