Украински високи службеници беа уапсени на седница на Владата

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Вработени на украинската милиција го задржале шефот на Државната служба за вонредни ситуации Сергеј Бочковски и неговиот прв заменик Василиј Стоецки под сомнение за злоупотреба при купување на гориво.

ук апс

Двајцата се уапсени денеска, 25 март, за време на состанокот на кабинетот на Украина. Јавно им се ставени лисици и се испратени во притвор, јави дописникот на РИА Новости.