Кина е огромна земја која дефинитивно има што да им понуди на туристите кои дошле да ја запознаат.
Според многумина еден од најубавите градови во целата држава и едно од местата кои дефинитивно вреди да се видат, е градот Лицзјан .
Тој е лоциран во југозападна Кина, во провинцијата Јунан . Оние кои сакаат да го посетат веќе имаат одлична можност за сместување – новоотворениот луксузен хотел Amandayan .
Тој е лоциран на рид, над заштитениот од УНЕСКО Стар град во Лицзјан, што дополнително ќе го направи престојот на гостите незаборавен.
Хотелот се состои од згради во традиционален стил и нуди 35 соби со тераси и поглед на градот, кон околината и снежните планини, вклучувајќи го Jade Dragon Snow, се смета за еден од најубавите врвови во Кина. Дизајнот му е типичен за регионот и ја пресоздава хармонијата помеѓу човекот и природата.
Гостите на Amandayan имаат можност да се хранат во неколку ресторани на хотелот. The Lounge е лоциран во непосредна близина на рецепцијата, отворен е во текот на целиот ден и нуди западни и азиски јадења .
Во подготовката на храната што се нуди таму, се користат биопродукти, одгледувани во регионот. Ресторанот Man Yi Xuan е отворен за ручек и вечера, а менито му вклучува традиционални јадења од регионот .
Tea House нуди кинески закуски и чај во позадината на смирувачкиот поглед на Стариот град.
Во хотелот има и спа центар , каде се нудат различни масажи со јога и акупресурни техники. Во средината на дворот на комплексот се наоѓа и 20-метарски отворен базен, кој се грее во текот на целата година.






