Мароканскиот град Маракеш е број 1 туристичка дестинација за 2015 година според рангирањето на порталот TripAdvisor.
Топ 3 најдобрите туристички дестинации се дополнуваат од Камбоџанскиот град Сиемреап и Истанбул.Веднаш по нив е рангирана виетнамската престолнина Ханој, што е донекаде изненадување.
Од TripAdvisor сепак забележуваат дека во последниве години Виетнам развива многу сериозен туризам, следејќи го кинескиот модел – еднопартиски систем, пазарна економија, што стана земја атрактивна за туристи од целиот свет.
Еве како изгледа топ 10 на TripAdvisor:
1. Маракеш, Мароко
2. Сиемреап, Камбоџа
3. Истанбул, Турција
4. Ханој, Виетнам
5. Прага, Чешка
6. Лондон, Велика Британија
7. Рим, Италија
8. Буенос Аирес, Аргентина
9. Париз, Франција
10. Кејптаун, Јужна Африка
За 2014 година прв беше оценет Истанбул, а Маракеш беше на 6-тото место.