Американец дозна дека заработил 7 милиони долари на лото, додека се лекувал во болница.
46-годишниот Џозеф Аморезе од Пенсилванија штотуку бил подложен на операција од хернија.”Онемев! Немаше како да скокнам од радост поради операцијата. Но, во душата тоа го направив!”
Најсреќниот Аморезе ѝ заѕвонел по телефон на неговата сопруга, за да ѝја каже радосната вест. “Реакцијата и беше иста како мојата. Доста време ми требаше за да ја убедам дека не се шегувам и дека веќе сме милионери”.
“Лото ливчето ми го даде татко ми. Тој тоа често го прави. Купуваме билети и за него, и за нас. Никогаш досега немаме освоено. Среќниот билет тато го купил за 1 долар во Њујорк”, раскажува Аморезе, на кого по уплатата на даноци ќе му останат 4,6 млн. долари.
“Тоа е јасно, многу сум радосен. Но, не мислам дека мојот живот ќе се промени. Ќе продолжам да одам на работа. Па, со сопругата ќе можеме да си дозволиме ова-она. Како за почеток, мислам да ја однесам на второ свадбено патување. Првото беше пред 10 месеци кога се оженив “.