Што ќе направите ако вие и вашата партнерка не можете да се договорите за местото на кое ќе се одржи свадбената церемонија?
Ќе склучите брак на неколку места или уште подобро – на колку што можете повеќе места низ светот! Вљубена двојка од Лос Анџелес го направи токму тоа.
Откако минатата година мажот и жената да склучија брак, тие планираат свадбено патување околу светот.
Целта им не е само да разгледуваат нови и непознати места, но и да си ветат верност на што е можно повеќе различни дестинации во рамките на 90 дена.
До денес вљубените, кои се и акробати, се венчаа на неколку континенти и во земји како Египет, Ирска, Индија , Кенија, Тајланд , Шпанија и други.
Секоја свадба двојката ја запечатува со помош на убави слики, а на некои од кои двајцата дури ги покажуваат своите професионални акробатски способности.
Се разбира, ваков потфат бара не само многу љубов, авантуризам и желба, но и финансии.
Американците се потпираат на помош на луѓето кои, инспирирани од идејата на вљубените, донираат средства со кои ги помагаат нивните свадбени патувања.
На фотографиите подолу може да видите некои неверојатни фотографии од едни уште неверојатни места во светот.












