Благодарение на еж, кој ископал дупка, израелски археолози открија античка светилка стара 1400 години, соопшти Управата за антиквитети во Тел Авив.
Археолозите кои вршеле рутински проверки во месноста Хорбат Сиво во централниот дел на Израел забележале кривина во близина на дупката на еж. Кога се приближиле, откриле непроменети керамички ламби стари 1400 години.
“Ежето е добар археолог, кој може да копа одлично. Бидејќи во земјата има многу археолошки наоѓалишта, тие пристигнуваат и ги откопуваат скривниците меѓу подземните останки. Умно го туркаат во дупката правот на површината, заедно со секакви предмети”, напиша на сајтот на Управата Ајра Хоровиц , специјалист за антиквитети.
Но, освен благодарност за помошта управата упати “предупредување” до сите ежеви во Израел.
“Ги повикуваме да се воздржат од копање во археолошките наоѓалишта и ги предупредуваме дека таков вид недозволена активност е злосторство”, изјави шеговито Управата.