Летови во границите на Сончевиот систем се можни

од Vladimir Zorba
68 прегледи

„Екипирани летови во границите на Сончевиот систем се можни, а проблемите се поврзани единствено со тоа какви ќе бидат нивните цели и со финансирањето“, изјави рускиот космонаут Михаил Корниенко, цитиран од агенциите.download (37)

“Сметам дека тоа е можно”, – рече тој на традиционалната прес-конференција пред летот. “Гледано од техничка гледна точка, проблеми нема. Во прво време проблемот ќе е поврзан со финансирањето и со тоа каква ќе биде целта на сличен лет “, додаде Корниенко космонаут. Генадиј Падалка, кој раководи со екипажот на уште една експедиција до МВС, истакна дека по 15 години екипажни летови ќе може да се вршат не само до МВС. “Можно е во 2030 година да има летови до Марс”, предвидува тој.

Корниенко и Падалка се на мислење дека летовите во пределите на Сончевиот систем се задача за следната генерација астронаути и астронаутки. Бродот “Сојуз ТМА-16М” со екипажот на уштеедна  експедиција до МВС треба да стартува на 27 март, вечерва. На палубата ќе бидат двајцата руски космонаути и американскиот колега Скот Кели.