Бијонсе е меѓу најпознатите пејачки и несомнено поседува неверојатен талент. Покрај романтичните балади и социјалните пораки, во творештвото на сопругата на Џеј Зи се издвои и типичното за неа танцување.
Минатата година, Бијонсе ги израдува своите фанови со динамичната песна “7/11”, придружена со клип во кој демонстрира завидни вештини и младешки дух.
Иако видеото наиде на многу критики, очигледно инспирирана од дивата, тенисерката Серена Вилијамс ја сними својата интерпретација на познатата песна на Бијонсе.
Спотот импресионира со флексибилноста и ритмичноста кои американската спортистка ги покажува и дефинитивно освои како многу фанови, како и самата пејачка.
Видеото на Серена е создадено по повод снимањето за насловната на новиот број на Vogue , месец април, кој го чекаме со нетрпение.
Љубовта на тенисерката кон творештвото на пејачката постојано таа го сведочи. Пример за тоа е фактот дека пред две години, Серена Вилијамс избра да испее парче на Destiny`s Child во караоке бар.