Работите воопшто не одат во Македонија ,меѓу владата и опозицијата, кои влегога во тешка политичка и институционална криза , земја – кандидат за пристапување во Унијата веќе десет години, но се уште не добила датум за почеток на пристапните преговори, се вели во анализа на Франс прес.
Досега нејзината европскоа иднина беше блокирано од спорот со Грција за името Македонија, кој започнал уште со прогласување на независноста на поранешната југословенска федерација во 1991 година Сега пак словенските политички водачи, мнозинство во мултинационалната балканска република се загрозуваат уште повеќе со своите политикански спорови во приближувањето со блокот на 28-те држави на Европа.
Од почетокот на годината дијалогот меѓу конзервативната влада на премиерот Никола Груевски и левичарската опозиција се изразува во разменување на јавни обвинувања, кои не само што се атак врз институциите на земјата, туку и загриженостна Европската унија, кој повика за непристрасна, независна и транспарентна истрага.
Ова е опасна политичка игра која предизвикува катастрофална колатерална штета. И без тоа кревките институции се дополнително ослабени, а страстите продолжуваат да се разгоруваат, вели политичкиот аналитичар Билјана Ванковска.
Опозицијата, која во почетокот на годината беше обвинета за шпионажа и стремеж да “ја дестабилизира” земјата, возврати велејќи дека владата прислушувала 20 000 лица, меѓу нив политичари, новинари и верски водачи. Премиерот беше обвинет дека добил мито во износ од 20 милиони евра при склучување на договори за изградба на две делници на автопат.
Конзервативците (ВМРО) на Груевски владеат од 2006 година во коалиција со најголемата партија на албанското малцинство, но не можат да ја надминат блокадата за интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО поради противењето на Грција, која го одбива правото на својот сосед да го користи името Македонија, што го смета историски за грчко.
Значи власта вложи напори да го одвлече вниманието на јавноста во Македонија (земја со население од 2,1 милиони луѓе, во мнозинството православни Словени Македонци и околу една четвртина Албанци), која е заглавено во економска криза, придружена од невработеност од 28%). Груевски дури замавнува и се заканува на “можна меѓуетничка дестабилизација” меѓу Македонците и Албанците, без да навлезе во детали во своите тврдења.
“Ситуацијата е многу сериозна вели , во соопштението за печатот Иво Вајгл, словенечки дипломат, претседател на Меѓупарламентарната комисија на ЕУ за Македонија.
Царувањето на конзервативците покажа дека на елитите сеуште им недостасува политичка култура дека основните принципи на демократијата не се почитуваат и е воспоставен систем на авторитарен популизам, истакнува политичкиот аналитичар Нано Ружин.
Од своја страна опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија на чело со Зоран Заев очајно бара начини да се врати на политичката барикада.
Опозицијата одби да учествува во работата на парламентот и вели дека парламентарните избори во април 2014 биле придружени со “неправилности”. Левицата инсистира на предвремени избори, што пак премиерот ги отфрла.
Опозицијата бара појас за спасување, некакво средство да го дестабилизирање власта или да го привлече вниманието на меѓународната заедница, која се чинеше дека не се интересира за состојбата во земјата, додава Ружин.
Изгледа меѓународната заедница е заинтересирана само за аспектите поврзани со безбедноста, и состојбата на меѓуетничките односи во земјата и грижа за политичкиот аспект, забележува тој.
Четиринаесет години по потпишувањето во 2001 година на договори кој стави крај на шестмесечниот конфликт меѓу македонските безбедносни сили и албанските бунтовници, Македонија останува на опашката во создавањето на демократски институции.
Аналитичарите се согласуваат дека не може да се размислува за излез од кризата “без сериозна интервенција на меѓународната заедница”.
Претставници на власта и на опозицијата ќе разговараат во понеделникот во Брисел под покровителство на ЕУ за начините да се излезе од оваа криза, пренесе официјалната македонска информативна агенција.
