Тематскиот конгрес на ДУИ со диретктни прашања до лидерот и членството од високите гости. На овој конгрес беа поканети и неколкумина видни странски гости помеѓу кои беше Ерван Фуере, екс амбасадорот на ЕУ во Македонија помеѓу 2005 и 2011 година.
Без ДУИ нема решавање на политичката криза, порача лидерот на партијата Али Ахмети во својот воведен говор на почетокот на првиот тематски конгрес на кој ќе се определува партиската платформа за наредната деценија. Истовремено, ДУИ доби остри критики од своите меѓународни пријател за своето молчење во владината коалиција во последните години.
Според Ахмети, политичката криза може да се реши само со дијалог меѓу политичките субјекти со посредство на меѓународната заедница и со вклучување на ДУИ во тој процес.

Но, во својот говор пред насобраните гости Фуере не се колебаше да испрати и остри критики за однесувањето на ДУИ во последните неколку години, особено да ја сподел дилемата на колицирањето со Никола Груевски.
Тој пред се потсети дека изборите во Македонија биле полни со нерегуларности, како што впрочем тоа го подвлекува и ОБСЕ во своите извештаи за изборите. Но и дека во последните години немаше политички дијалог, дека владеачката партија имаше голема кампања против невладините организации кои имале храброст да зборуваат за нарушувањето на човековите права во земјата.
“Ароганцијата со која владечката партија ја наметна својата тесна партиска идеологија стана толку убедлива што Македонија е во опасност да ја загуби сопствената душа”, рече Фуере.
Потоа следуваше прашањето: Но што правеше ДУИ во владата во овие седум години?
На почетокот, вели Фуере, ДУИ имаше смирувачко влијание врз своите партнери во владата и се обиде да игра конструктивна улога околу спорот со името, за разлика од својот коалициски партнер кој го злоупотребуваше спорот за да добие политички поени во борбата против своите политички противници.
“Но, во други моменти, во однос на слободата на медиумите, околу важноста на политичкиот дијалог, околу изградбата на консензус и почитувањето на демократските процеси, ДУИ чудно молчеше. Жал ми е што морам да бидам вака искрен. Но секогаш сум бил искрен со своите пријатели и сум им ја кажувал вистината”.
Пред членството на ДУИ Фуере рече дека да се биде дел од коалиција е еден вид тест и бара компромис но и храброст.
“Молчењетп може се разбира да значи дека се работи зад сцената и јавноста за да се влијае на одлуките на владата. Но, молчењето може исто така да значи одобрување и прифаќање на волјата на посилниот коалициски партнер. За жал, на неколку пати кога се надевавме да ја видиме ДУИ како ги брани демократските процеси, особено кога ВМРО-ДПМНЕ продолжуваше со своето авторитарно однесување и одбиваше да чуе различни мислења, ние сите бевме многу разочарани”, критикуваше Фуере.
