(ВИДЕО) Погледнете ги првите кадри од новиот филм за Џемс Бонд

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Премиерата е закажана за 6 ноември, а низ 96-те секунди колку што трае тизерот, фановите ќе може да насетат како ќе изгледа најновата авантура на познатиот Агент 007.bkmdj-trr

Според официјалната најава, „Шифрираната порака од минатото на Бонд го праќа на пат на разоткривање на мистериозна организација“.

Филмот се снимаше на повеќе локации во Европа и Јужна Америка, а во првиот тизер  може да се видат деловите од филмот кои се снимени во Австрија.

Режисер и на овој филм е Сем Мендес, а главната улога повторно е на Даниел Крег. Покрај него како највозрасната Бонд девојка до сега, се појавува Моника Белучи.