Секому се случува да носи McDonald`s врз облеката, но обично овој “ефект” е несакан и се добива при невнимание во јадењето.c288140a4012eae3c75c979bb3c7ea56

Омилениот синџир за брза храна сепак го разбива овој мит и го проширува својот опсег со создавањето не на нов сендвич, туку облека.

Модата ја сретна брзата храна надвор рестораните и удобно се смести врз спортски кошули, јакни, облека за животни па дури и во нашиот дом, во форма на декоративни перници и тапети за ѕид.

Линијата облека беше претставена за прв пат на модна ревија во Стокхолм и го носи тематскиот назив “McWalk”.

“Знаеме дека луѓето го сакаат сендвичот Бик Мек, па решивме да ја прославиме оваа љубов со специјална ревија” McWalk “, изјави Џеф Џакет, директор на Маркетинг на брендот во Шведска.

Производите се на бела основа, врз која се поставени принтови со најблиските неколку генерации на сендвичот.

Добивките од колекцијата ќе бидат донирани за добротворни цели во невладината хуманитарна организација “Ronald McDonalds House Charities” , а вие можете да ги видите предлозите во нашата галерија подолу.