Светско првенство во ждригање се организира во јуни

од desk3
101 прегледи

Светско првенство во ждригање се организира од синџирот Hard Rock Cafe. Тоа ќе се одржи во италијанскиот град Реџоло во месец јуни за време на локалниот пивски фестивал, пишува “Дејли мирор”, цитиран од агенциите.

d8c20623ac323b68fc95c4e9ebb23f47
Во трката пред 20-илјадитна публика ќе земат учество 16 финалисти, како и секој ќе се натпреварува против секого. Во програмата се предвидени дуели по сила и времетраење на ждригање како и модулирање во форма на песна. Петдневниот фестивал и првенството ќе се проследи во живо од италијанската телевизија.

Велика Британија ќе биде претставена од Мајк Вајлд со прекарот барон на сланината. Неодамна тој ги пушти во YouTube своите вештини и веднаш оставии впечаток на одговорните фактори во Hard Rock Cafe кои го праќаат на нивен трошок во Италија.