Во зоолошката градина во Мајами се родија две леопардчиња од загрозен вид

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Два „облачни“ леопарди кои се загрозен вид, се родија во почетокот на месецот во зоолошката градина во Мајами, соопштија од управата на зоолошката градина.i

Бебињата леопарди се чуваат далеку од очите на посетителите, за да се избегне стресот кој би им бил предизвикан. И двете се женки, родени се на 9 март и се во посебна просторија со мајка си, за да се чувствуваат комотно и да се создаде врска меѓу неа и нив.F-jpg

Мајката на двете новороденчиња леопардчиња од овој редок вид е “Сарај”, а таткото “Раџаси”. И двајцата се родени во 2011 година во американски зоолошки градини. Двете мали леопардчиња се чувствуваат добро и веќе имаат крзно со типичен колорит за расата – светла длака, посеана со големи темни дамки, потсетувајќи на облаци поради кои излезните леопарди се нарекуваат уште облачни (Neofelis nebulosa). cОвие претставници на семејството мачки се релативно ситни и многу лесни – тежат околу 20 килограми. Природното живеалиште им е јужна Кина, Тајван и Малезија, но уништувањето на шумите и ловот ги прават загрозен вид.