На почетокот на судењето на обвинетиот за експлозиите на Бостонскиот маратон од 2013 година Џохар Царнаев призна вината. На овој начин Царнаев се обидува да избегне заканата од смртна казна. Неговиот адвокат изјави дека тој бил под влијание на неговиот постар брат Тамерлан, кој беше убиен при полициската потера по нападот.
Поротници, кои беа избрани во текот на два месеци , ќе одлучат за судбината на 21-годишниот Царнаев. Тој е обвинет дека на 15 април 2013 година со активираше две рачни бомби на финалето на Бостонскиот маратон, при што беа убиени три лица, а 264 беа повредени.
Џохар Царнаев живее во САД од 2002 година, а во 2012 година доби американско државјанство.
21-годишниот Џохар Царнаев, млад муслиман од чеченски потекло, може да добие смртна казна за организирање на атентатот, кој е најтешкиот на американска почва од нападите на 11 септември 2001 година.
Потсетуваме Царнаев и неговиот брат Тамерлан, кој беше убиен од полицијата часови по нападот, се осомничени за бомбашкиот напад со две бомби до финишот на Бостонскиот маратон на 15 април 2013 година, во кој загинаа три лица и 264 лица беа повредени, некои и со трајни поледици.
