“Амнести”: Егзекуциите во светот се намалуваат, но смртните пресуди се зголемуваат

од desk3
86 прегледи

Загрижувачко голем број држави ја користат смртната казна, за да се справат со вистински или потенцијални закани за националната безбедност, поврзани со тероризам, криминал или внатрешнополитичка нестабилност. Ова се наведува во извештајот на “Амнести интернешенел” за смртната казна во светот во 2014 година

zx450y250_2503840

Бројот на смртните пресуди минатата година се зголемил за речиси 500 во споредба со 2013 година, што претставува зголемување од 28%, најмногу поради случаите во Египет и Нигерија. Таму се забележува масовно изрекување на смртни казни во контекст на внатрешни конфликти и политичка нестабилност.

Во 2014 година смртни казни се изречени на 2466 луѓе во 55 земји.

“Амнести” забележува дека лани имало помалку егзекуции во светот, а неколку земји имаат преземено позитивни чекори во насока на укинување на смртната казна.

Во 2014 година се исполнети 607 егзекуции во споредба со 778 претходната година. Тоа е пад од околу 20%. Организацијата сепак нагласува дека во овој број не е вклучена Кина.

Кина егзекутира повеќе луѓе од сите други држави, земени заедно. Бројот на извршените смртни казни е државна тајна, но според организацијата илјадници луѓе се осудени на смрт и егзекутирани секоја година.

Другите држави во топ 5 во 2014 г се Иран – со најмалку 289, Саудиска Арабија – со најмалку 90, Ирак – со најмалку 61 и САД – со најмалку 35. Во случајот со Иран има стотици егзекуции, кои “не се официјално признати”, а вкупниот број може да достигне до 743.

22 земји во светот применуваат смртната казна, а и во 2013 година САД продолжува да е единствената држава во Северна и Јужна Америка, која сеуште применува смртна казна. Случаите се намалени од 39 во 2013 на 35 во 2014 година, која сепак ја одразува стабилната тенденција за пад во последниве години. Само седум држави убиле луѓе во 2014, како четири од нив се – Тексас, Мисури, Флорида и Оклахома – ккои се одговорни за 89% од случаите. Другите три се Џорџија, Охајо и Аризона.

Државата Вашингтон воведе мораториум во февруари, а како целина издадените смртни казни во САД се намалиле од 95 во 2013 на 77 во 2014 година

Според “Амнести” загрижувачки тренд е дека некои земји егзекутираат луѓе, за да се справат со закани за државната безбедност. Така на пример Кина, Пакистан, Иран и Ирак егзекутираат луѓе под обвинение за тероризам.