(ГАЛЕРИЈА) На спа одмор во Монте Карло

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Монте Карло е еден од најбогатите квартови на Монако, кој освен што е познат по своите казина, е славен со својот меѓународен циркуски фестивал и со годишнaта трка од Формула 1.16bff150e939b5f558e5d509a43addce

Покрај сите следни тука, Монте Карло може да се пофали со многу убави хотели, а најновиот од нив е велнес комплексот “Thermes de Marins”.

Всушност хотелот не е нов, но е комплетно реновиран. Во моментов тој ги  поседува едни од напредните велнес објекти во Европа, создадени за превентивно здравје.

Хотелот е изграден во 1895 година и со години се смета за првиот спа центар, каде богатите клиенти можат да добијат целосна релаксација, а во меѓувреме да поминат курс од процедури за слабеење или подмладување.

Неодамна хотелот претрпе ремонт, а денес на располагање на клиентите им се 28 различни вида специјалисти, вклучувајќи спортски лекари, нутриционисти, физиотерапевти, рехабилитатори и т. н.

“Thermes de Marins” е првото и единственото место во Европа, каде што човек може да се подложи на криотерапија (инвазивен третман кој го користи “замрзнувањето” како метод за да се замрзнат или уништат заразените ткива, вклучувајќи ги и канцерогените клетки).

Во банското мени на хотелот се вклучени уште тонизирачки терапии со морски алги и / или калливи маски, тушеви или пилинзи со минерали од Мртвото Море, третман со злато, кавијар и / или колаген, амам за мажи и жени, руска бања и др.fa8dd8368347b235c62f91b136d72495 d1d6023baaa9d4de56d94325e9f18515 21124d6265539e975677adb82dcec63e aa46149c8737175e2a4b7a7adebb9813 287eb484addd329c4ec33f29dc9b987b e99295a7c98c8deab1de4c127ab19d79 ec0408479847263cc1d860bcb8357280 5844601e1cd8fc93992eae6a8f7bd16c fc76b0b75416ff29f04b381b75c110f2