Жителите на домот за стари лица во Охајо одлучија да покажат посветеност кон добротворните каузи на нестандарден начин.
Пензионерите снимија предизвикувачки календар, на чии фотографии, тие немаат ниту една облека на себе.
Пат, на 87 години, како и останатите три дами кои ја красат корицата, се меѓу најмладите учесници во кампањата. Нивната фотографија ги покажува жените свртени со грбот и скриени зад банер кој го рекламира “Плезнт Поинт” во Охајо.
Мис март е на 86 години и на сликата во календарот има зелена капа и ништо друго по себе.На друга страница се прикажани две дами на 90 години, кои играат покер со огромни карти кои ги кријат нивните тела. Мис февруари – Доти Пат е прикажана како се одмора во када полна со чоколадо, а долната облека и е на подот.
Според директорот на домот постарите луѓе многу се забавувале за време на снимањето, а парите од продажбата на календарите, кои чинат 12 долари, ќе одат во фонд за помош на деца.