Дадаев се откажа од признанија за убиството на Борис Немцов

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Заур Дадаев кој е главниот осомничен за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, изјави  дека не е вмешан во атентатот, а признанија кои е направено порано, го дал под закана за неговиот живот, соопштува lifenews.ru.

20150401.emmnxuywhw
Според Дадаев во ноќта на 27 наспроти 28 февруари тој не бил реонот каде е извршено злосторството. За своето апсење тој рекол дека е киднапиран во градот Магас., држен неколку дена на некоја локација , а потоа префрлен во затвор.По неговото апсење, по негови зборови, под закана за животот тој бил  принуден да го признае убиството на политичарот.
“Ми се закануваа и со убиството на мојот пријател Рустам Јусупов, кој исто така беше киднапиран”,  и дури ми рекоа како да кажам, вели сега Дадаев.
Потсетуваме дека Борис Немцов беше убиен во ноќта спроти сабота, 28 февруари. Според верзија на истрагата убиецот го  застрелал политичарот, кога тој се шетал со украинската пријателка Ана Дурецкаја од “Василевскиот спуст” по мостот кон улицата “Болшој Ординки”. Според претставникот на истражниот комитет Владимир Маркин криминалистите работат минимум пет можни образложение за злосторството. На 8 март оваа година за убиството се уапсени Заур Дадаев, Шадид и Анзор Губашевих, Хамза Бахаев и Тамерлан Ескерханов, против кои се покренати обвиненија за убиство и нелегално поседување на оружје во рамките на судскиот процес за атентатот на Борис Немцов. Како што е познато, на 7 март во Северна Ингушетија одржа спецоперација по приведувањето на 33- годишниот Анзор и 31-годишниот Шадид Губашевих. Заедно со нив е приведен и Заур Дадаев
 Неговиот адвокат вели тој дека до вчера и не знаел кој Немцов. Вчера неговиот притвор беше продолжен за уште еден месец.