Корисниците на интернет, и најмногу на пребарувачите, сметаат дека се попаметни од останатите луѓе. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на универзитетот Јеил, претставени во Telegraph.
Сурфањтое на интернет и присуството на толку многу информации на само неколку клика далечина, создава “многу неточна” идеја во луѓето за нивото на нивното сопствено спознание. Ова води води до суперувереност при донесувањето на одлуките, коментираат научниците.
Тие направија неколку експерименти со околу илјада учесници. Резултатите покажале дека луѓето кои научиле некои информации со помош на интернет, сметаат дека се многу запознаени со темата во целина многу повеќе наспрема луѓето кои се потпираат на книги или наставниците.
Освен тоа интернет корисниците сметаат дека имаат побрза мисла.Според научниците причина за ова е богатата разновидност на информации на интернет и лесниот пристап до нив, што ги тера луѓето да веруваат дека нивното спознание е она што доаѓа од надворешен извор .
Корисниците на интернет дури може да не сфаќаат колку зависни се од глобалната мрежа, коментира Метју Фишер, раководител на истражувањето. Истражувањето открило уште дека корисниците се чувствуваат паметни дури и кога нема да откријат конкретен одговор на пребаруваните прашања.Причината е дека гледаат многу странични информации, кои ги тераат да мислат дека се запознаени со дополнителни теми.
Како капак, се испоставува дека корисниците на интернет имаат тенденција полесно и побрзо да забораваат информации.Луѓето се потпираат на тоа дека податоците секогаш ќе бидат достапни повторно кога ќе им требаат. “Интернетот со себе носи бројни предности, но има и некои недостатоци, кои не се видливи веднаш. Ова може да е еден од нив”, коментира Фишер.