Стотици кениски студенти се земени како заложници во универзитетски комплекс во градот Гариса, Источна Кенија, пренесе AFP повикувајќи се на Црвениот крст.
Рано утринава вооружени напаѓачи го нападнале кампусот на универзитетот во кој живеат стотици младинци. Според кенискиот Црвен крст околу 50 студенти се ослободени.
Започната е операција за ослободување на заложниците.
. Имало експлозии и пукање меѓу напаѓачите и силите за безбедност.
Најмалку две лица се убиени, а уште 29 се повредени, а четворица од нив се во критична состојба.
Дел од учениците се блокирани во зградата на колеџот.
Според информации на СНН напаѓачите се најмалку 10.
