Копенхаген -градот на велосипедизмот

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Копенхаген беше прогласен за најубав град за живеење во светот за 2013-та и најверојатно има зошто.f2b84e50ac1e159b8e6295c4a7540790

Жителите на главниот град на Данска умеат да балансираат меѓу напредок и традиција, меѓу поттик и безбедност, меѓу глобално и локално.

Копенхаген е симпатичен и во исто време космополитски град и макар што не е евтин за живеење и е дождлив, сепак во него има речиси сè – екосредина, мода, култура, знаменитости, убава природа, интересна архитектура, интернационална кујна, пријателски настроени луѓе, многу институции и др.

Освен тоа Копенхаген ќе ве импресионира со тоа дека е многу зелена престолнина и дека луѓето се радуваат на бројни вело-алеи насекаде.

Затоа повеќето жители на градот претпочитаат да се придвижуваат со леснотија, качени на своите велосипеди.

Секое делнично утро, околу 7 часот, данската престолнина оживува. Мажите во деловни костуми, модерно облечени жени и повеќето деца се на тркалата и тргнуваат на работа или на училиште.

Всушност, 37 отсто од сите кои живеат во Копенхаген преферираат да се движат со велосипеди и тие станаа составен дел од дизајнот на сообраќајот.

Повеќето туристи мислат дека во градот на Малата сирена се навистина супер загрижени за животната средина и затоа ги преферираат велосипедите пред автомобилите, но вистинската причина е дека велосипедот е најбрзиот и најлесен начин да се движиш низ градот (во повеќето случаи доаѓаш побрзо отколку со автомобил или автобус).

Погледнете зошто Копенхаген е градот на велосипедистите во галеријата.c6a772f417038ab3cf9866971a0d31eb 26931739c80d15a3c0890dbe87ade221 418ee761f4cb084591c6113eefd8f0cf 311175a592accd947f965a28395d29b9 5dceb5a989ad1ecd2dedfd4d918de0b5 6ed0a4f689233b0ecedb43227bfc25f9 fcd09a635dac4ca601da139e8fa2ed7f 1c50c69bfa67c398c72608fa4d93014a 31173cd70c458a3727c53f575cd3e67e 165e38ecdb122f41bfcec1a439bae576 b6596aaf05e737d7807d27a6dd8fda2f e24f80a8cb0c7e564bce516a99d513ab 1d140dcb373fbf2870c95d5c99edff4c dca7151e9e470dddf4be66a41861231a 25023a7f22afc091f77809ffa3c61fed 0d8afac268f1a55575a8e2c6f82714ce 170924df08c4dd78839faab8ed15cecb 987bbbc50423843a13ed3fb5fe47c64c 36f00b35ad334ba043443dc55b555359 402c9c527ae9c9ef486cc64221c1410a 074f0010c2e6bd0dcba6866b0a0b7baf e15f4eb705ad99b522ab664a26986a58