Во 2050 година христијаните и муслиманите ќе се со еднаква бројност

од desk3
115 прегледи

Во моментов христијанството е водечка религија во светот во однос на бројноста на нејзините поддржувачи, но таа брзо ќе биде “стигната” од муслиманите – ако се задржат сегашните трендови, до 2050 година двете вери ќе се израмнат по бројот на приврзаниците, а во 2070 година муслиманите ќе бидат мнозинство.

0665667001413140285_465753_600x458_actualno

Оваа прогноза фигурира во новиот извештај, распространет вчера од Профилот на истражувачкиот центар “Пју” во Вашингтон. Според документот во 2010 година во светот имало 2,2 милијарди христијани, што претставува речиси една третина од светското население. Во исто време муслиманите биле значително помалку – 1,6 милијарди луѓе или 23%.

Приврзаниците на исламот сепак живеат во најдинамично зголемените региони во светот од демографска гледна точка. Според проценките на американските специјалисти нивната бројност ќе се зголеми до 73% наспроти 35% на христијаните. Па по 35 години кај вкупно 9,3 милијарди од населението на планетата бројот на приврзаниците на двете вери речиси ќе се израмнат – 2,8 милијарди муслимани и 2,9 милијарди христијани.