По презентирањето на аудио материјалите за изборниот криминал во Куманово, СДСМ утре во Прилеп ќе ја објави и седумнаесеттата „бомба“.
Според најавите, лидерот на партијата, Зоран Заев, ќе оствари средби со граѓаните, по што ќе биде организиран граѓански собир на плоштадот во Прилеп во 13:00 часот.
