И повторно… волшебните Малдиви

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Веројатно ако рајот се наоѓаше на Земјата, тогаш дел од него сигурно ќе беше сместен на Малдивите .a62d404625477e3b9245d71114d74f9a

Островите се исклучително популарна туристичка дестинација што го објаснува непрестајното никнување на нови луксузни хотели во овој дел на светот.

Неповторливиот ризорт Hideaway Beach Resort & Spa се наоѓа на еден од најголемите Малдивски острови – Dhonakulhi. Хотелот плени не само со своите пет ѕвезди, но и со приватноста и спокојството што се нуди на посетителите.

По инвестицијата од 50 милиони долари, ризортот повторно ги отвора вратите и тоа само пред околу еден месец. Тој се радува на една од најпосакуваните локации во Индискиот Океан, кога станува збор за нуркање и запознавање на морскиот свет.

Луксузниот комплекс нуди 103 неверојатни вили, поделени во осум различни категории за сместување. Едни од најатрактивните дефинитивно се 50-те куќи, лоцирани над сината лагуна. Целиот хотел е исполнет со палми и бујна вегетација, што дополнително го засилува пријатното чувство на летувалците.

Во нашата галерија може да се нурнете во уште Малдивски рај и да го разгледате луксузниот ризорт Hideaway Beach Resort & Spa.

790301aa59636d1f1383abb5a9baffa2 6827feeba1cf5197ff4adef5ab61a846 f42c4765157ad908b42e55d3244d4d5f 735f05f65a432ca134a36966b7fff882 ca5dfd3dbca02a09e2489f345f5f3d69 4bdf2e445e7f99171e10965f5b78afb8 3ebc351ba7a95b9066488a4120ff4fb9 46008913aec5ccdd2a96a8b0f0de2f33